Политика за приватност

Политика за приватност

I Општи податоци и податоци за операторот кој обработува лични податоци

Ве молиме внимателно да ја прочитате Политиката за приватност пред да ги користите

услугите на апликацијата Factum во сопственост на СОВЕТИ ДООЕЛ Скопје. Со користењето на

веб-страната factum.mk или апликацијата chat.factum.mk, согласни сте со Политиката за

приватност и потврдувате дека сте ги прочитале и разбрале условите под кои ги обработуваме

вашите лични податоци и со тоа дека ја прифаќате оваа Политика за приватност.

СОВЕТИ ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: „Factum, СОВЕТИ, Друштвото, апликацијата или

Ние“), ја почитува и заштитува приватноста на секое лице (корисници на апликацијата,

потенцијални корисници или други лица - во натамошниот текст колективно: „Лице или Вие“)

чии лични податоци ги собира и обработува (во натамошниот текст: „Лични податоци“).

Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци Factum го врши во согласност со

Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“,

бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон“) .

Бидејќи сме свесни дека приватноста е важна за Вас и со цел да ја заштитиме, ја усвоивме и

објавивме оваа Политика за приватност. Во неа се дефинира кои лични податоци ги собираме,

на кој начин, за каква цел ги обработуваме, како ги заштитуваме, колку долго ги чуваме и кои

се Вашите права во однос на Вашите лични податоци. Во секој случај, доколку имате прашања

или сомнежи, слободно контактирајте не во секое време на e-mail: info@factum.mk

Ви благодариме за довербата!

II Основни поими и Лични податоци обработени од Factum

• „Личен податок“ е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко

лице или физичко лице кое може да се идентификува.

• „Обработка на личните податоци“ е секоја операција или збир на операции кои се

извршуваат врз личните податоци.

• „Контролор“ е физичко или правно лице кое самостојно или заедно со други ги

утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци

• „Обработувач на збирка на лични податоци“ е физичко или правно лице кое ги

обработува личните податоци во име на контролорот

• „Корисник“ е физичко или правно лице на кое му се откриваат личните податоци.

• „Согласност“ на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна,

информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку

изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на

неговите лични податоци

• „Нарушување на безбедност на личните податоци“ е секое нарушување на

безбедноста, што доведува до случајно или незаконско уништување, губење,

менување, неовластено откривање или пристап до личните податоци

• „Посебни категории на лични податоци“ се лични податоци кои откриваат расно или

етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство

во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци,

податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или

сексуалната ориентација на физичкото лице

• „Лични податоци за деца“ се однесува на лица на возраст под 14 години.

Ние не ги собираме Вашите лични податоци од посебни категории, освен ако истите не се

доброволно достапни или ако тоа од нас се бара со важечките прописи.

Ние не собираме лични податоци од деца. Ние собираме лични податоци на лица над 14

години само заради користење на услугите на Factum, во согласност со член 12 од Законот за

заштита на лични податоци.

III Принципи на обработка на лични податоци

При собирање, обработка и складирање на Вашите лични податоци:

а) Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на

транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и

транспарентност“),

б) Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели определени во оваа

Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие

цели.

в) Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во

однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),

г) Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги

преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што

се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),

д) Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на

личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат

личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако

се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски

истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со

применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради

заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на

чување“),

ѓ) Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на

безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска

обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на

соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).

IV Лични податоци што Factum ги собира и обработува во Ваше име

Личните податоци што ги собираме, обработуваме и складираме се:

• Име и Презиме;

• Е-mail адреса;

• Лозинка (во енкриптирана форма);

• Податоци од Google профилот (доколку се најавувате преку Google);

• Содржината на твоите интеракции со апликацијата (за подобрување на услугите);

• Содржините кои ќе бидат прикачени од ваше име на апликацијата;

• Други лични податоци наведени во Политиката за колачиња достапни на апликацијата.

V Начин на собирање лични податоци

Личните податоци се собираат директно од Вас, како субјект на лични податоци.

1. Директно собирање на лични податоци од Субјектот на лични податоци

• а. При најава/регистрација на апликацијата

При креирање на корисничка сметка на нашата апликација, потребно е да ни ги доставите

следниве лични податоци: Име и Презиме, е-mail адреса и лозинка или да се најавите преку

Вашиот Google профил.

Доколку не ни ги дадете наведените Лични податоци, нема да можете да креирате корисничка

сметка и да ги користите услугите на апликацијата.

Целта заради која ги обработуваме горенаведените Лични податоци е да Ви овозможиме

пристап до услугите на апликацијата.

Наведените лични податоци се чуваат во базата на податоци на Factum две години од Вашата

последна активност на апликацијата.

Со бришење на корисничката сметка, Корисникот ги брише сите зачувани лични податоци од

најавата на Factum. По бришењето, информациите целосно се бришат и Factum не ги чува овие

податоци.

• б. При користење на апликацијата

При користење на апликацијата, ние може да собираме и обработуваме дополнителни

информации, како што се:

• Содржината на Вашите интеракции со апликацијата (прашања, одговори, повратни

информации). Овие податоци ни помагаат да ги подобриме нашите услуги и да

развиеме нови функционалности.

• Технички податоци, како што се IP адреса, тип на уред, оперативен систем,

информации за прелистувачот. Овие податоци ни помагаат да ја разбереме употребата

на апликацијата и да ја подобриме нејзината функционалност и безбедност.

Целта на обработката на овие податоци е да ги подобриме нашите услуги, да обезбедиме

персонализирана правна помош и да развиеме нови функционалности.

Овие податоци се чуваат во нашата база на податоци онолку долго колку што е потребно за да

ги постигнеме наведените цели, а најдолго две години од Вашата последна активност на

апликацијата.

Со бришење на зачуваните разговори или прикачените содржини од апликацијата, Корисникот

ги брише сите зачувани податоци од интеракциите со Factum. По бришењето, информациите

целосно се бришат и Factum не ги чува овие податоци.

• в. При контактирање на нашиот тим

Кога контактирате со нашиот тим за поддршка преку е-mail или преку контакт формата на

апликацијата, ние може да собираме и обработуваме Ваши лични податоци како што се име,

е-mail адреса и содржината на Вашата порака.

Целта на обработката на овие податоци е да одговориме на Вашите прашања и да Ви пружиме

поддршка.

Овие податоци се чуваат во нашата база на податоци онолку долго колку што е потребно за да

ги решиме Вашите прашања и да Ви пружиме поддршка, а најдолго две години од датумот на

Вашата последна интеракција со нашиот тим за поддршка.

2. Лични податоци доставени од други лица

• а. Најава преку Google

Доколку се најавувате на нашата апликација преку Вашиот Google профил, ние може да

добиеме одредени лични податоци од Google, како што се Вашето име и е-mail адреса. Ова се

случува само доколку сте дале согласност на Google да ги сподели овие податоци со нас.

Целта за која ги обработуваме наведените лични податоци е да Ви овозможиме најава на

апликацијата преку Вашиот Google профил.

Наведените лични податоци ќе се чуваат во нашата база на податоци додека не ја отповикате

согласноста, а доколку не ја отповикате согласноста, тие ќе бидат избришани по пет години од

Вашата последна активност на Вашата сметка.

VI Цел на собирање и обработка на лични податоци

Целта на собирањето лични податоци е:

• Да Ви овозможиме пристап и користење на услугите на апликацијата;

• Да ги подобриме нашите услуги и да развиеме нови функционалности;

• Да обезбедиме персонализирана правна помош;

• Да одговориме на Вашите прашања и да Ви пружиме поддршка;

• Да Ве информираме за новости и промени во врска со апликацијата.

VII Правна основа за обработка на лични податоци

Во согласност со принципот на законитост, ние ги обработуваме Вашите лични податоци врз

основа на различни основи пропишани со закон, како што е следново:

• Вашата согласност

Вашите лични податоци добиени врз основа на Вашата согласност ќе се обработуваат и чуваат

во нашата база на податоци се додека постои Вашата согласност, односно додека Вашата

согласност не биде повлечена. Можете да ја повлечете Вашата согласност за собирање,

обработка и употреба на Вашите лични податоци во секое време со испраќање електронско

барање на e-mail: info@factum.mk

• Извршување на договорните обврски

Друштвото собира лични податоци кои се неопходни за да Ви овозможиме пристап и

користење на услугите на апликацијата.

• Легитимен интерес

Друштвото може да ги обработува Вашите лични податоци и врз основа на легитимен интерес,

како што се подобрување на услугите, развој на нови функционалности, спречување на

злоупотреби и заштита на нашите права.

VIII Обработувачи и трети лица

Личните податоци се откриваат на одредени обработувачи, т.е. лица од трети страни, како на

Google, доколку се најавувате преку Вашиот Google профил. Дополнително, за да овозможиме

функционирање на апликацијата, ангажираме други компании и поединци да извршуваат

задачи во наше име и за наша сметка (даватели на cloud услуги, обезбедување на техничка

поддршка). Наведените трети лица имаат пристап до Личните податоци потребни за

извршување на задачи за кои се ангажирани, но не смеат да ги користат за други цели.

Factum нема да ги стави Вашите лични податоци достапни на други обработувачи, односно

трети лица, освен во случаите наведени во оваа Политика за приватност.

IX Период на чување на личните податоци

Податоците што Друштвото ги собира врз основа на законот како правен основ, е должно да ги

чува онолку долго колку што е определено со конкретен закон или друг позитивен пропис.

Податоците што ги собира Друштвото врз основа на договорниот однос ќе ги чува две години

од Вашата последна активност на апликацијата.

Податоците обработени исклучиво врз основа на Ваша согласност се чуваат додека согласноста

не биде отповикана, односно пет години од Вашата последна активност на нашата платформа.

X Права на лица во врска со обработката на лични податоци

Покрај правата веќе споменати во оваа Политика за приватност, како и другите права

предвидени со Закон и други прописи во согласност со Законот, Лицето на кое се однесуваат

личните податоци има право:

Да побара информации дали Factum ги обработува неговите/нејзините лични податоци и да

побара пристап до тие податоци

На барање на Лицето, ќе обезбедиме информации за Личните податоци на лицето обработени

од нас или нашите обработувачи, за целта на обработката на личните податоци, правната

основа и времетраењето на обработката, името и адресата на обработувачот и неговите

активности поврзани со обработката, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на

барањето.

На барање на лицето на кое се однесуваат личните податоци, ќе обезбедиме пристап до

личните податоци што ги обработуваме.

Да побара исправка, дополнување или бришење на неговите/нејзините Лични податоци и

право на приговор на обработката на податоците

Субјектот на податоците има право да побара неговите/нејзините лични податоци да бидат

избришани од Factum. Доколку ја користите апликација, можете да го искористите и вашето

право за бришење Лични податоци со користење на опцијата „Избриши корисничка сметка“.

Во тој случај, веднаш ќе ги избришеме сите ваши лични податоци, освен податоците што се

откриени при регистрацијата за директен маркетинг. По користењето на опцијата да не го

добивате нашиот директен маркетинг, личните податоци веднаш ќе бидат избришани.

Ќе ги избришеме личните податоци без непотребно одложување, а најкасно во рок од 30 дена

од денот на поднесувањето на барањето, доколку:

• Личните податоци повеќе не се неопходни за да се постигне целта за која се собрани

или обработени на друг начин,

• Лицето ја отповикало согласноста врз основа на која е извршена обработката, а не

постои друга правна основа за обработка,

• Лицето поднело приговор за обработка,

• Личните податоци се обработени незаконски,

• Личните податоци мора да се избришат за да се исполнат законските обврски,

• Личните податоци биле собрани во врска со користењето на услугите на

информатичкото општество во смисла на Законот.

Ќе ги информираме сите примачи на кои им се откриени личните податоци за каква било

исправка или додавање или бришење на личните податоци или ограничување на нивната

обработка во согласност со Законот или барање прекумерно трошење време и ресурси. Ние

сме должни да го информираме субјектот на податоци, на негово барање, за сите примачи.

Да поднесе приговор до контролорот

Субјектот има право да поднесе писмен приговор доставен на ул. Владимир Комаров

бр.31/1-9А, или преку е-маил на: info@factum.mk

Во случај да сакате да ги остварите вашите права, ве замолуваме да испратите e-mail со

барање на е-mail адресата: info@factum.mk, додека правото на бришење на Лични податоци,

самата апликација, може да се користи и со избирање на опцијата „Избриши сметка“.

XI Постапка во случај на повреда на Личните податоци

Доколку повредата на личните податоци може да предизвика висок ризик за правата и

слободите на лицето, ние сме должни, без непотребно одлагање, да го известиме Субјектот на

лични податоци за повредата што настанала и се во согласност со Закон.

Во случај на повреда на личните податоци што може да предизвика ризик за правата и

слободите на лицето, ќе ја известиме Агенцијата за заштита на личните податоци без

непотребно одлагање или најдоцна во рок од 72 часа.од сознание за повредата по

електронски пат на incident@privacy.mk или на https://eprijavi.privacy.mk/.

Известувањето доставено до надлежниот орган ги содржи сите информации согласно Законот

и релевантните подзаконски акти.

XII Пренос на лични податоци надвор од територијата на Република Северна Македонија

Преносот на лични податоци во друга земја или меѓународна организација, без претходно

одобрение, може да се изврши доколку се утврди дека таа друга земја/меѓународна

организација обезбедува соодветно ниво на заштита, односно соодветни заштитни мерки, на

личните податоци согласно чл. 50 од Законот за заштита на личните податоци, или, пак, истата

е земја-членка на Европската Унија или Европскиот економски простор.

Правните лица на кои компанијата им пренесува лични податоци користат облак (cloud)

сервери AWS лоцирани на територијата на Сојузна Република Германија, со која како членка на

Европската Унија, преносот на лични податоци на територија на истите е непречен.

XIII Линкови до веб-страници и услуги на трети страни

Нашата апликација може да содржи линкови до веб-локации на трети страни (Google итн.)

Имајте во предвид дека ние не сме одговорни за собирање, користење, одржување,

споделување или откривање податоци од трети страни. Доколку обезбедите информации за

веб-локации на трети страни и ги користите тие веб-локации, ќе важат политиките за

приватност и условите за користење на тие трети страни. Ви препорачуваме да ги прочитате

политиките за приватност на веб-локациите што ги посетувате пред да испратите лични

информаци.

XIV Доверливост на личните податоци и транспарентност

Вашите лични податоци ќе се третираат како доверливи информации и Ние ќе преземеме

соодветни неопходни мерки за да ги заштитиме во согласност со Законот. Пристап до нив ќе

имаат само лица кои, имајќи го предвид описот на работата што ја вршат, треба да се

запознаени со Вашите лични податоци и само до степенот неопходен за извршување на

нивната работа.

Оваа Политика за приватност е достапна на нашата платформа. Доколку одлучиме да ја

промениме нашата Политика за приватност, промените ќе бидат објавени и објавени на

нашата платформа.

Доколку имате прашања или барања во врска со обработката на Вашите лични податоци,

слободно контактирајте не 24/7 на e-mail: info@factum.mk